Адеми: Државната матура може да се спроведе во јули наместо во јуни

Роковите за полагање на државната матура може да ги поместиме во јули наместо во јуни, на предлог на Државниот испитен центар, но засега нема одлука за измени и дополнување во календарот, зашто не се знае колку ќе трае оваа состојба. Во зависност од околностите, ќе се преземаат чекори, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми во емисија на Канал 5.

„Во нормални, редовни околности, требаше да се организира во јуни, но тие рокови ние може да ги поместиме во јули. Дај боже час поскоро да заврши оваа состојба со која се соочуваме сега, но нема простор за загриженост зашто ние можеме да направиме измена и дополнување на калнедарот на организирање на учебната година за сите јавни средни училишта. Така ќе се дефинира и кристализира датумот за државната матура. Ако не во јуни, ќе биде во јули. Веќе имам таков конкретен предлог од Државниот испитен центар“, рече Адеми.

Нагласи дека нема простор за загриженост ниту за уписите на факултет, за кои услов е положената државна матура, затоа што и ако се организира испитот во јули, матурантите ќе ги стигнат редовните рокови за запишување на високообразовните установи на крајот на август и на почетокот на септември кога, исто така, има уште два, втор и трет уписен рок.

Адеми нагласи дека состојбата ја следат, засега е сè во согласност со роковите, и поради тоа во однос на полагањето на државната матура не предвиделе нешто конкретно во уредбата за средно образование што Владата ја усвои пред три дена на седница.

Исто така, рече Адеми, нема простор за паника ниту за уписите во средното образвание. Ќе се почитува законскиот рок (31 март) за објавување на Конкурсот, но самите уписи, според роковите, се реализираат на крајот на јуни, а ако има потреба тие може и дополнително да се коригираат.

 

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе