Министерство за здравство

9 нови случаи на ковид-19, 53 оздравени пациенти, починати нема

Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на ковид-19, во Скопје и Тетово по 4 и во Кичево еден. Регистрирани сe 53 оздравени пациенти од: Скопје –  17, Тетово и Охрид – по 9, Кичево – 8, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 2 и Куманово, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.

Во Скопје има активни 85 случаи, во Куманово 13, Прилеп и Битола по 2, Тетово 78, Гостивар 14, Охрид и Струга по 4, Штип, Дебар и Струмица по 3, Кочани, Свети Николе, Берово и Гевгелија по 1 и Кичево 6.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе