Епидемиолошка состојба

86 новозаразени со ковид-19, едно лице почина

Од направени 2.359 тестови во последните 24 часа, регистрирани се 86 случаи на ковид-19, а едно 80-годишно лице почина како последица од компликации од болеста. Од почетокот на пандемијата во Македонија се направени нешто над 2 милиони тестови, позитивни на вирусот биле 308.964 тестови. Официјално, од ковид-19 починале вкупно 9.266 лица.

Новите случаи на ковид-19 се регистрирани во следните градови:

Скопје – 46, Битола – 23, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Кавадарци и Велес – по 2, Струмица, Кичево и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од: Скопје – 55, Битола – 21, Штип – 5, Кавадарци – 4, Охрид и Радовиш – по 3, Прилеп, Куманово, Струмица и Берово – по 2, Гостивар, Велес, Виница, Неготино, Делчево и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80г), починато во болничку услови. Кај лицето се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.359 тестови преку: ИЈЗ-151, ЦЈЗ Скопје-87, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-7, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–77, Жан Митрев (Филип Втори)-39, Авицена-40, Биотек-55, Систина-43, лабораторија Лаор-40, Синлаб-9, Ремедика-6, Плодност-13, Генеа-33, Никоб Лаб-287, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-11, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–33, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.269.

Досега во земјата се направени вкупно 2.003.269 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид - дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.964, бројот на оздравени пациенти е 298.916, на починати е 9.266, а бројот на активни случаи изнесува 782.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145.209, Активни 422
Куманово 16.615, Активни 9
Битола 15.193, Активни 127
Прилеп 14.121, Активни 39
Тетово 13.445, Активни 13
Кавадарци 10.609, Активни 21
Велес 9.749, Активни 32
Гостивар 9.575, Активни 18
Охрид 8.821, Активни 22
Струмица 8.047, Активни 14
Штип 8.002, Активни 9
Кичево 5.603, Активни 8
Кочани 5.070, Активни 2
Струга 4.715, Активни 8
Гевгелија 4.397, Активни 5
Неготино 3.674, Активни 6
Ресен 2.711, Активни 2
Свети Николе 2.624, Активни 1
Радовиш 2.527, Активни 3
Крива Паланка 2.413, Активни 0
Делчево 1.971, Активни 4
Дебар 1.673, Активни 0
Берово 1.646, Активни 6
Валандово 1.485, Активни 5
Виница 1.387, Активни 1
Пробиштип 1.265, Активни 1
Богданци 1.019, Активни 0
Кратово 962, Активни 0
Крушево 926, Активни 1
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 592, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 345, Активни 0

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе