МОН за наставата со физичко присуство

75 проценти од наставниците се вакцинирани, од понеделник тестирање дали вирусот се шири во училиштата

Од понеделник треба да започне тестирање на ученици по случаен избор во основните и средни училишта со цел да се види колку од децата се позитивни на ковид-19 имајќи предвид дека еден број од нив не пројавуваат симптоми. Според последните податоци на МОН, од почетокот на учебната година 0,28 проценти од учениците се заразиле, што претворено во бројки изнесува околу 750 деца. МОН вели дека 75 проценти од наставниците се вакцинирани против ковид-19.

Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, соопшти Министерството за образование и наука. 

Со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе побараат од медицински и од немедицински причини, велат од МОН и додаваат дека очекуваат со континуираната имунизација да се обезбеди дополнителна сигурност и услови за продолжување на наставата со физичко присуство.

Од понеделник треба да почне и најавениот скрининг на околу 8.200 ученици во основните и средните училишта со цел да се добие податок дали има трансмисија на вирусот во училиштата. Тестираењето за присуство на ковид-19 со земање брис ќе биде по случаен избор на учениците од регистарот на Е-дневник и со согласност на нивните родители.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера на прес-конференција рече дека е планирано скринингот да трае пет дена и дневно по околу 1.600 деца да бидат тестирани во самите училишта од мобилни екипи.

Инаку, во средината на минатиот месец Институтот за јавно здравје објави податок дека од 1 до 14 септември со ковид-19 се заразиле вкупно 937 деца на возраст од 0 до 19 години, од нив околу 750 ученици. Додека пак, завчера министерката за образование Мила Царовска објави дека вкупно толку деца се заразиле со ковид-19 од почетокот на учебната година, што претставува двојно подолг временски период и значи дека податоците на институциите не се совпаѓаат.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе