Позитивни се осум отсто од тестираните

75 новозаразени со ковид-19 за 24 часа, пријавени двајца починати

Во изминатите 24 часа направени се 937 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 од кои 11 се реинфекции. Оздравени се 60 пациенти, а нема починати лица. Дополнително се пријавени две лица кои починале во претходен период, соопшти Министерството за здравство.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 61, Битола – 6, Кочани – 2 и во Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Кичево и Пробиштип по 1.

Регистрирани сe 60 оздравени пациенти и тоа од: Скопје – 29, Битола – 10, Штип – 7, Гостивар – 5, Тетово – 2, а од Кочани, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Делчево, Берово и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две од Скопје (69г и 91г.) починати лица. Од починатите, едно лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови. Лицата се починати во период од 15.05. до 07.06.2022 година.

Направените 937 тестови се преку: ИЈЗ-158, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-29, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–32, Жан Митрев (Филип Втори)-20, Авицена-37, Биотек-20, Систина-37, лабораторија Лаор-9, Синлаб-6, Ремедика-15, Плодност-5, Генеа-5, Никоб Лаб-33, ВФВ Медикал-7, Ели МедикаПлус-15, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 415.

Досега во земјата се направени вкупно 2.068.585 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.748, бројот на оздравени пациенти е 303.065, на починати е 9.318, а бројот на активни случаи изнесува 365.

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 147.487, Активни 257

Куманово 16.685, Активни 7

Битола 15.730, Активни 31

Прилеп 14.224, Активни 6

Тетово 13.489, Активни 7

Кавадарци 10.700, Активни 8

Велес 9.802, Активни 2

Гостивар 9.616, Активни 3

Охрид 8.944, Активни 8

Штип 8.085, Активни 8

Струмица 8.080, Активни 5

Кичево 5.654, Активни 2

Кочани 5.103, Активни 6

Струга 4.730, Активни 2

Гевгелија 4.425, Активни 1

Неготино 3.700, Активни 2

Ресен 2.751, Активни 0

Свети Николе 2.637, Активни 1

Радовиш 2.531, Активни 0

Крива Паланка 2.419, Активни 1

Делчево 1.986, Активни 0

Берово 1.693, Активни 1

Дебар 1.681, Активни 3

Валандово 1.488, Активни 0

Виница 1.395, Активни 1

Пробиштип 1.268, Активни 1

Богданци 1021, Активни 0

Кратово 966, Активни 0

Крушево 930, Активни 0

Демир Хисар 836, Активни 0

Македонски Брод 741, Активни 2

Демир Капија 593, Активни 0

Македонска Каменица 525, Активни 0

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 347, Активни 0

 

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе