петок, 29 март 2024

Фокс њуз: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари на војната во Украина

Владата на Соединетите Американски Држави потрошила најмалку 113 милијарди долари на војната во Украина, но тој износ може да се смета за многу поголем поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени на Киев, според проценките на Пентагон, јавува Фокс њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фокс њуз во септември објави дека САД потрошила вкупно 101 милијарда долари на војната во Украина.

Според документи од Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа, во кои Фокс њуз имале увид, САД од септември на војната во Украина потрошиле дополнителни 13 милијарди долари.

Директорката на Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа Шаланда Јанг навела дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнително финансирање како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакнала дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не заминале директно во Украина“, но се користат за поддршка на таа земја, поради што има различни бројки за американската помош за Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ