Филипче сподели искуство од оздравена пациентка

70-годишна прилепчанка го победи ковид-19: Дишев на кислород, почитувајте ги мерките

По три недели емотивна и стресна „битка" со коронавирусот, седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп која оздраве, вели дека не би успеала без помошта од лекарите и мотивацијата од семејството. Мирчевска им порачува на граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, односно, да носат маска, да водат лична хигиена и да одржуваат растојание од два метра.

„По една недела со симптоми на ковид-19, бев хоспитализирана во инфективното одделение во Општата Болница во Прилеп. Моето лекување беше едно од потешките, бев ставена на кислородна поддршка и се чувствував многу лошо. Во текот на целиот престој во болницата, медицинскиот персонал го даде својот максимум. Неуморно работеа за подобрување на мојата состојба. Без лекарите немаше да успеам да ја преживеам оваа битка. Исклучително сум благодарна за грижата, но и за хигиената во установата, презадоволна сум од сѐ. Голема мотивација ми беше семејството, децата, мојот брат и сопругот кои ја поминаа приказната заедно со мене. Упатувам апел до граѓаните да носиме маски, да се грижиме за нашата хигиена и да држиме растојание од 2 метра", вели Мирчевска, чие искуство на фејсбук го сподели министерот за здравство Венко Филипче.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе