Биланс за 24 часа

63 нови случаи на ковид-19 од 677 тестирања, 573 оздравени и 6 починати

Во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти, а починаа 6 лица. Новите случаи на ковид-19 се во Скопје-37, Куманово-4, Тетово-1, Гостивар-1, Штип-2, Битола-1, Велес-1, Охрид-2, Кавадарци-5, Струга-1, Свети Николе-1, Крива Паланка-1, Берово-2, Делчево-1, Пробиштип-1, Кратово-1 и во Пехчево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти од кои од Скопје-350, Куманово-19, Тетово-10, Прилеп-36, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-17, Струмица-15, Кавадарци-28, Кочани-9, Кичево-1, Свети Николе-4, Гевгелија-6, Неготино-12, Дебар-8, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Пробиштип-3, Валандово-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Богданци-2, Кратово-1, Крушево-9 и од Демир Капија-1.  

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје (54 и 79г), двајца од Прилеп (85 и 93г), еден од Кавадарци (70г) и еден пациент од Струга (83г), сите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.717, бројката на оздравени пациенти е 78.727, на починати е 2.791, а бројот на активни случаи изнесува 9.199. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 39.462, активни 5.145

• Куманово 5.113, активни 377

• Тетово 5.032, активни 373

• Прилеп 4.522, активни 212

• Гостивар 3.577, активни 220

• Штип 3.476, активни 143

• Битола 3.188, активни 159

• Велес 3.011, активни 241

• Охрид 2.723, активни 351

• Струмица 2.506, активни 287

• Кавадарци 2.472, активни 313

• Струга 2.175, активни 141

• Кочани 1.714, активни 87

• Кичево 1.694, активни 129

• Свети Николе 1.067, активни 35

• Гевгелија 970, активни 95

• Неготино 953, активни 109

• Дебар 741, активни 108

• Ресен 727, активни 104

• Крива Паланка 713, активни 56

• Радовиш 685, активни 40

• Берово 577, активни 49

• Делчево 559, активни 164

• Пробиштип 500, активни 40

• Виница 482, активни 32

• Валандово 325, активни 12

• Демир Хисар 242, активни 8

• Македонски Брод 240, активни 10

• Богданци 222, активни 30

• Кратово 215, активни 17

• Крушево 200, активни 29

• Македонска Каменица 190, активни 36

• Демир Капија 182, активни 28

• Пехчево 180, активни 13

• Дојран 82, активни 6

Направените 677 теста се преку: ИЈЗ-94, ЦЈЗ Скопје-26,  Авицена-0, Биотек-68, МАНУ -43,  Жан Митрев (Филип Втори)-130, Систина со ПЦР метода -169, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -145, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 443.277 тестирања на ковид -19.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе