Мешани полициски тимови на границата

60 полицајци од јужната граница во изолација

Полицаец од Унгарија кој бил на служба на македонската граница со Грција, откако се вратил дома дознал дека е заразен од коронавирусот. Од вчера шеесетина македонски и странски полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, се во изолација.

„Има информација за позитивен полицаец од граничната полиција од странство кој по враќањето во Унгарија е позитивен. Направени се анкети и триесетина странски полицајци кои се на нашата јужна граница и триесетина наши кои биле во контакт денес се тестирани. Завршени се епидемилошките анкети и на полицајците им се дадени решенија за изолација“,  изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Македонско – грчката граница ја чуваат околу 120 мешани полициски тимови во рамки на Фронтекс. На почетокот на пандемијата, во март, својот тим од десетмина полицајци во Гевгелија го повлече Србија поради коронавирусот, а претходно го повлече и тимот кој работеше на Табановце.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе