Благо намалување на притисокот врз болниците

56 пациенти помалку се лекуваат болнички од ковид-19 во споредба со вчера

Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 1.585 лица има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите, од кои околу 90 места во главниот град. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани уште 48 пациенти поради компликации од коронавирусот, вкупно 661 лицe се лекуваат на инфективните оддели, што е за 28 пациенти помалку во споредба со вчерашниот ден.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приема. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 приеми на пациенти, осум билe примени на Инфективната клиника, во Козле три болни лица, а две на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени двајца пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 272 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има девет деца позитивни на вирусот, а на ГАК има пет позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 924 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 129 пациенти, во болницата во Штип 81 пациент, на инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 92 болни, а во Куманово 101 пациент.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 99, во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 101 пациенти, во Кочани 29, во Кичево 30, Кавадарци 56, а во Гевгелија 18 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе