За 24 часа примени уште 39 пациенти

486 пациенти се лекуваат во скопските инфективни оддели

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се уште 39 пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, петмина во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Клиниката за гастроентерохепатологија, двајца пациенти на Клиниката за очни болести и еден на Клиниката за нефрологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 15 приеми во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 16 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 10 деца и 30 возрасни.

Вкупно 486 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Министерството вели дека и покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало дваесетина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 „Септември".

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе