Министерство за здравство

4.015 активни случаи со ковид-19 во Македонија, денеска Владата ќе решава за новите мерки

Нови 177 случаи со ковид-19 од 778 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Од вкупниот број 4.015 активни случаи, во Скопје има 1.792, во Струмица 267, во Тетово 222, во Кочани 218, во Куманово 176, во Прилеп 170, во Штип 123, во Битола 104...

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 21.113, бројката на оздравени пациенти е 16 301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.015.

Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на ковид -19.

Владата денеска треба да одржи онлајн-седница на која се очекува да ги усвои новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести за да се спречи ширење на заразата поради големиот број инфицирани од коронавирусот.

Предложено е да се забрани групирање во домовите на семејни прослави, со тоа што во едно живеалиште ќе може да се примаат до четири лица. Нема да биде дозволено групирање на повеќе од четворица на јавни простори по 22 часот, а заштитна маска или прекривка на носот и устата, покрај во затворени простори (јавен објект, работно место, превозно средство), ќе треба задолжително да се носи и при престој на отворено.

Исклучок од носење заштитни маски е предложено за деца до шест години, за лица што спортуваат, при транспорт на членови од едно семејство во приватно возило, при седење во уготителските објекти со почитување на протоколите и во службени простории ако е лицето само во просторијата.

На Инфективната клиника вчера примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет пациенти, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент од кои на респиратор се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје има во Центар – 330, Аеродром – 327, Карпош – 319, Кисела Вода – 210, Гази Баба – 171, Ѓорче Петров – 155, Чаир – 92, Бутел – 68,  Илинден – 30, Шуто Оризари – 15, Сарај – 15, Сопиште – 10, Петровец – 7, Арачиново – 4, Чучер Сандево – 4, Студеничани – 3, Зелениково – 3, 14 се странци, а 15 нераспределени.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека капацитетот на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од завчера за хоспитализација и третман на пациенти со ковид-19 е целосно подготвена модуларната болница, со 72 болнички легла, поставена во близина на клиничката зграда.

„Активно работиме на реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар по системот на ротација во јавното здравство, за да се одговори на претстојниот период и можното зголемување на бројот на хоспитализации на пациенти со ковид-19“, рече Филипче.

Надлежните и натаму апелираат до граѓаните за максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од Ковид-19, кои вклучуваат задолжително носење маска, држење дистанца и избегнување групирања. 

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе