Вчера почна процесот на имунизација

38.000 лица над 70 години се пријавиле за вакцинација против ковид-19

Досега преку веб-страницата „Vakcinacija.mk" 55.970 лица ја пополниле формата за аплицирање преку искажување на интерес за вакцинација против ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Преку матичниот лекар, за вакцинација се пријавиле 29.209 лица. Од оваа вкупна бројка, 38 илјади лица над 70 години се пријавени за вакцинација.

Вчера, со вакцинација на 202 здравствени работници почна имунизацијата во земјава.

Согласно направениот план за вакцинација на здравствените работници, први се вакцинираат медицинските лица кои работеле или работат со ковид пациенти од инфективната клиника, ГОБ „8 Септември", Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, интерните клиники кои хоспитализираа пациенти. Од следната недела вакцинацијата ќе почне и кај здравствените работници во болниците низ државата, како и приватните болници.

Со ова, велат од МЗ, нашата земја ќе биде една од ретките земји во Европа во која ќе ја имаат примено вакцината против ковид-19 сите здравствени работници кои лекувале пациенти позитивни на коронавирусот.

Од Министерството за здравство уверуваат дека вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Во неделата, од Србија добивме 4.680 од вкупно 8.000 вакцини од компанијата Фајзер. Во текот на следната недела, во државава се очекува да пристигнат и другите количини од Србија.

До крајот на месец февруари, се очекуваат да пристигнат и 200-те илјади вакцини од Народна Република Кина.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе