Министерство за здравство

37 новозаразени со ковид-19, активни 292

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19. Регистрирани сe 10 оздравени пациенти, од Скопје – 5, Кичево – 2 и Тетово, Струмица и Берово - по 1, а не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи се регистрирани во Тетово – 13, Скопје – 12, Велес – 3, Гостивар, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Свети Николе и Делчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292 (Скопје 104, Куманово 29, Прилеп 5, Тетово 93, Велес 4, Гостивар 21, Кавадарци 1, Охрид 5, Штип 4, Струмица 5, Струга 4, Кочани 3, Кичево 6, Гевгелија 1, Свети 1, Делчево 1 и Дебар 5).

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе