Министерство за здравство

37 нови случаи заразени од коронавирусот, нема починати

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти. Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-4 и Охрид-2.

Од оздравените пациенти двајца се од Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 713, активни 199, Куманово – 433, активни 34,  Дебар – 51, Штип-40, активни 5, Прилеп –210, активни 48,  Тетово – 172, активни 77, Струга – 75, активни 8, Велес – 127, активни 43, Битола –28, активни 7, Охрид –23, активни 8, Кавадарци – 5, Гостивар –21, активни 4, Гевгелија – 4, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод - 2, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1 и Свети Николе-1, активни 1.

Направените 508 теста се преку: ИЈЗ – 266, Ветеринарен факултет - 21, Авицена –24, Биотек - 44, Филип Втори (Жан Митрев) – 5, Систина со PCR метода - 31  и МАНУ -117.  Досега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.

Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 58 пациенти. На кислородна поддршка се 24, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 18 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на инфективната клиника во Скопје. На домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  42 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе