Министерство за здравство

30 нови случаи на заразени на ковид-19

Потврдени 30 нови случаи позитивни на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица, информира Министерството за здравство.

Новите случаи се регистрирани во Скопје - 12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка - 1.

Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје - 195, Куманово – 62, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 21, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица- 1, Крива Паланка – 2, Кочани – 1.

Во последните 24 часа направени се 342 теста, од кои преку Институтот за јавно здравје, 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори 100.

Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на ковид-19, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе