Министерство за здравство

266 нови случаи на ковид-19, 15 починати

Во последните 24 часа направени се 4.572 тестирања, а регистрирани се 266 нови случаи на ковид-19. Од ковид-19 во овие 24 часа починаа осум лица, а седум лица дополнително се регистрирани, а починати се во периодот од 27 ноември до 24 декември. Бројот на активни случаи на ковид-19 е 4.719, соопшти Министерството за здравство.

 

Во Скопје бројот на новозаразени е 120, во Битола – 25, Прилеп – 22, Охрид – 20, Куманово и Кавадарци – 11, Ресен – 8, Струмица – 7, Тетово – 6, Кочани и Струга – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Велес и Радовиш – по 3, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 717 оздравени пациенти од: Скопје – 330, Битола – 53, Прилеп – 48, Кавадарци – 43, Велес – 40, Делчево – 25, Штип – 21, Кичево – 15, Гевгелија – 14, Крива Паланка – 13, Охрид и Свети Николе – по 12, Куманово – 10, Неготино и Македонска Каменица – по 9, Кочани – 8, Ресен, Тетово, Радовиш и Берово – по 6, Струмица, Валандово, Виница и Крушево – по 5, Струга и Богданци – по 4, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1.

По две починати лица се од Струмица (56г и 76г) и Куманово (63г и 75г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Прилеп (83г), Битола (47г) и Штип (83г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27 ноември до 24 декември. Починатите лица се од Гостивар (2), Скопје (1), Охрид (1), Струга (1), Тетово (1) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените, 5 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.570.171 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.932, бројот на оздравени пациенти е 210.319, на починати е 7.894, а бројот на активни случаи изнесува 4.719.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе