Министерство за здравство

26 нови случаи на заболени од ковид-19, почина 79-годишен пациент од Дебар

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата, со што вкупниот број на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица. Утрово на Инфективната клинка во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март, информираат од Министерството за здравство.

Денеска од  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на ковид-19  имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.

Целосен преглед за состојбата по градови од Министерството за здравство најавуваат за подоцна, бидејќи дел од потврдените случаи се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек. 

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе