24 нови заразени од коронавирус, вкупниот број во земјава стигна до 201 лице

Во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата, од кои во Скопје се 15, во Куманово 4, во Дебар 2, во Охрид 1, во Штип 1, и во Тетово 1. Со ова вкупниот број на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (123), Дебар (43) од кои 2 починати, Куманово (15) од кои 1 починат, Штип (8), Велес (3), Охрид (3), Кавадарци (2), Прилеп (2) Гостивар (1) и Тетово (1)

Од Инфективната клиника се испишани двајца пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

 

 

 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе