Министерство за здравство

23 нови случаи на заразени од ковид-19, оздравени 9, починат 1

Нови 23 случаи на заразени од коронавирусот регистрирани се во последните 24 часа. Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени и 1 починат, 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања кој бил примен вчера со симптоми на ковид-19.

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а новите случаи на ковид-19 се во Скопје-12, Куманово-4, Прилеп-2, Тетово-4, Неготино-1. 

Тројца од оздравените пациенти се од Скопје, од Прилеп-1, Струга-1, Велес-3 и Кочани -1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.921, бројката на оздравени пациенти е 1.387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 685, активни 178, Куманово – 423, активни 27, Дебар – 51, Штип-38, активни 3, Прилеп –206, активни 56, Тетово – 165, активни 76, Струга – 71, активни 4, Велес – 127, активни 49, Битола –28, активни 9, Охрид –21, активни 6,          Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –21, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија),        Демир Хисар – 1, Македонски Брод - 2, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1,Берово-1, активни 1, Свети Николе-1, активни 1.

Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –408, Ветеринарен факултет -29, Авицена –38, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода  - 28 и МАНУ -127.  Досега во земјата се направени вкупно 24.018 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе