„Пациентот бил лекуван во Клиничката болница Битола, позитивен на ковид-19 од 09.10.2021. Прв пат се јавил на преглед на 10.10.2021 на Инфективното одделение во Битолската болница, а според лекарскиот извештај, пациентот бил без знаци за пневмонија, имал температура и му била препишана терапија за дома“, велат од Министерството за здравство.
Момчето било на лекарски преглед и на 11 октомври, а за следниот ден му биле закажани контролни анализи.
„На 12.10. поради влошување на РТГ наодот и лабораториски анализи, пациентот бил хоспитализиран. Во лекарскиот извештај е наведено дека пациентот бил ставен на кислородна поддршка и му била дадена соодветна терапија. Кај пациентот дошло до прогресивно влошување на состојбата и починал на 15.10.2021“, додаваат од Министерството за здравство.






