Министерство за здравство

21 нов случај на ковид-19 од 258 тестирања, оздравени се 17 пациенти

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 17 оздравени пациенти од кои во Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1. Починати пациенти не се регистрирани, а има 21 нов случај на ковид-19, информира Министерството за здравство.

Фото: Роберт Атанасовски

Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 725, активни 204

Куманово – 436, активни 35

Дебар – 51, активни 0

Штип-41, активни 6

Прилеп –210, активни 46

Тетово – 177, активни 82

Струга – 75, активни 8

Велес – 127, активни 41

Битола –28, активни 7

Охрид –23, активни 8

Кавадарци – 5, активни 0  

Гостивар –21, активни 3

Гевгелија – 4, активни 0

Струмица – 3, активни 1

Крива Паланка- 6, активни 0

Радовиш – 4, активни 0

Крушево – 3, активни 0

Кочани – 31, активни 0

Пробиштип – 2, активни 0

Кичево – 2, активни 0

Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Демир Хисар – 1, активни 0

Македонски Брод - 2, активни 0

Пехчево- 3, активни 0

Делчево-1, активни 0

Валандово -1, активни 0

Виница – 3, активни 1

Кратово-2, активни 1

Берово-1, активни 0

Свети Николе-1, активни 1

Направените 258 теста се преку: ИЈЗ –193, Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек -57, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -1 и МАНУ -7. Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на ковид-19. 

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 тестови се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 3 пациенти. 

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани има 21 пациент. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе