Анализа за период од два месеца

207 лица кои биле вакцинирани починале, 24 отсто од целосно имунизираните се заразиле со ковид-19

Во период од 6 август до 7 октомври на територија на Македонија 38.019 граѓани од тестираните за ковид-19 биле позитивни на вирусот. Од нив 24 проценти биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица, соопшти Министерството за здравство. Само 19 проценти од моментално хоспитализираните се вакцинирани, вели министерството и го објавува податокот дека 207 лица кои биле вакцинирани ја загубиле битката со болеста. Вкупно 1.277 лица починале од болеста.

Министерството за здравство во анализата која ја објави денеска напоменува дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

„Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81%, додека само 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до 7 октомври на територија на државата починале 1.277 пациенти со ковид-19, 1.070 пациенти од починатите,односно 84% не биле вакцинирани, а само 16%, односно 207 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“, соопштува Министерството за здравство.

Од министерството укажуваат на важноста на вакцинација. „Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, се вели на крајот од соопштението.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе