Организиран е транспорт за пратката

2.000 вакцини од Кина ќе пристигнат денес во земјава, Филипче апелира за трпение за вакцинација

Пратка од 2.000 вакцини од Кина пристигнуваат денеска, најави министерот за здравство Венко Филипче. Соопшти дека пратката е пристигната на аеродромот во Софија и оти веќе е организиран транспортот кон нашата земја.

„Денеска ќе пристигнат 2.000 кинески вакцини на аеродромот во Софија, а нашето возило е веќе на пат кон Бугарија за да ги донесе тие вакцини. Овие дози ќе бидат додадени на сегашниот систем за вакцинација. Хронично болните ќе се вакцинираат согласно возрасната група, а во секоја возрасна категорија над 50 години е огромна бројката на пациенти со хронични болести. Апелирам да има трпение, системот функционира“, рече Филипче.

Тој посочи дека до Владата е поднесен предлог за измена на Законот за здравствена заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти кои се лекуваат од коронавирус.

„Денеска на главниот координатор на кризен штаб се дискутираа повеќе работи. Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со кој на приватните болници ќе се направи ограничување на висината на наплата додека трае кризата, поточно за лекување на коронавирус. Го слушнавме апелот на граѓаните, и веќе утре на Владата ќе го поднесеме предлог-законот за здравствена заштита„, рече Филипче.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе