2.000 вакцини донација од ОАЕ

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во земјава денеска од Обединетите Арапски Емирати ќе пристигнат 2.000 кинески вакцини на Синофарм. Се работи за донација на ОАЕ обезбедена од Абдулкадар Мемеди, македонскиот амбасадор во Абу Даби, а вакцините веќе се на софискиот аеродром, од каде што е организиран транспортот за Скопје.

Преку амбасадорот Мемеди во ноември 2020 година беа обезбедени 10 тони помош за медицинскиот персонал и здравствениот сектор во Македонија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изрази благодарност до Обединетите Арапски Емирати и до министерот за надворешни работи на Емиратите за покажаната солидарност.

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе