20 стипендии за кандидати од Македонија за студии во Унгарија за 2022/2023 година

Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) за учебната 2022/2023 година доделува 20 стипендии за кандидати од Македонија, информира Министерството за образование и наука (МОН).

Од овие 20 стипендии, како што стои во повикот објавен на страницата на МОН, седум се за целосни додипломски (BA/BSc) студии, во областите: земјоделство, инженерство, технологија, здравствена наука и здравствена заштита, економија, либерални уметности и природни науки и седум стипендии за целосни магистерски студии (MA/MSc), исто така во горенаведените области.

Четири стипендии ќе бидат доделени за целосни докторски студии (PhD/DLA) во која било област;  две стипендии за интегрирани магистерски студии (one-tier master – OTM) во областите: земјоделство, здравствени науки и здравствена заштита, како и делумни студии за сите нивоа и области на наведените студии.

Доколку студиите се изведуваат на некој странски јазик, потребно е кандидатите да го познаваат тој јазик на ниво кое го бара институцијата домаќин (универзитетот). Доколку се изведуваат на унгарски јазик, прифатените студенти за време на првата година на студии треба задолжително да посетуваат курс за унгарски јазик, кој го нуди универзитетот каде ќе студираат и мора да го положат испитот на крајот на вториот семестар.

Онлајн-системот за поднесување на потребните документи ќе биде отворен до 15  јануари 2022 година, до 23:59 часот.

Повеќе информации за начинот, критериумите и потребните документи за аплицирање, како и листата на студиски програми на државните унгарски универзитети, факултети и колеџи и целосниот текст на повикот (Call for application 2022-2023) може да се најде на следниот линк.

Во повикот објавен од МОН се содржани повеќе информации за аплицирањето и е достапна контакт-адреса.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе