Министерство за здравство

20 новозаразени, 24 оздравени, 1 починат

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, 20 новозаразени и еден починат.

Од оздравените пациенти во Скопје се четворица, од Куманово се тројца, Прилеп-5, Тетово-6, Велес-4 и Битола-2.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна.

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20  нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Куманово - 2 и Прилеп-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, бројката на оздравени пациенти е 1.411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417. Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 701, активни 189, Куманово – 425, активни 26, Дебар – 51, Штип-38, активни 3, Прилеп –208, активни 53, Тетово – 165, активни 70, Струга – 71, активни 4, Велес – 127, активни 45, Битола –28, активни 7, Охрид –21, активни 6, Кавадарци – 5, Гостивар –21, активни 4Гевгелија – 4, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31,  Пробиштип – 2, Кичево – 2, активни 0 • Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1,  Македонски Брод - 2, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1  Берово-1, активни 1. Свети Николе-1, активни 1

Направените 744 теста се преку: ИЈЗ – 462, Ветеринарен факултет - 28, Авицена – 38, Биотек -37, Филип Втори (Жан Митрев) – 38, Систина со PCR метода  22 -  и МАНУ - 119.  Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19. 

Досега со скринингот направени се 2.060 тестирања на ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 55 пациенти. На кислородна поддршка се 32, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе