Министерство за здравство

19 починати лица, 333 нови случаи на ковид 19

Од направени 2.547 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19. Во Велес и Кавадарци регистрирани се две починати лица на 38 и 32 годишна возраст како последица на коронавирусот. Вкупниот број на починати во последните 24 часа е 19.

Во Скопје бројот на новозаразени е 152, Битола – 33, Охрид – 20, Кавадарци и Струмица – по 16, Прилеп –14, Куманово и Делчево – 10, Велес –  8, Кочани, Свети Николе и Ресен – 7, Штип – 6, Крива Паланка – 5, Тетово и Струга – по 4,  Виница –  3, Гевгелија, Демир Хисар и Крушево – по 2, Кичево, Неготино, Берово, Кратово и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 309 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица: 6 починати лица од Скопје (52г, 66г, 78г, 79г, 88г, и 91г), 5 починати лица од Битола (59г, 69г, 79г, 80г и 86),  2 починати лица од Велес (38г и 72г) и по едно починато лице од Штип (71г), Пробиштип (89г), Кавадарци (32г), Кочани (66г), Гевгелија (58г)  и Македонска Каменица (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе