Министерство за здравство

17-годишна девојка почина од ковид-19

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово почина 17 - годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. „Младата пациентка имала хронично заболување јувенилен Diabetes Melitus Tipe 1 и не била вакцинирана, а тегобите кај пациентката биле девет дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје“, велат од министерството од каде нагласуваат дека со голема жалост информираат за овој случа.

 Според лекарските извештаи, на 18 oктомври младата пацинетка за првпат побарала лекарски преглед во клиниката болница во Битола.

„Пациентката била донесена во болница со ниска сатурација, ТТ 40С, отежнато дишење и болки во телото и мускулите. Овие симптоми пациентката ги имала неколку дена пред да побара лекарска помош во болницата во Битола. Лекар ја прегледал во пнеумофизиологија - амбуланта за суспектни пациенти со ковид, тестирана е за ковид-19 и истот ден е добиен резултат 'ковид позитивна'. Поради сериозност на состојбата задржана е во болница и поставена на перманентна кислородна поддршка. За пациентката, поради тежината на состојбата, возраста и коморбидитетите, веднаш е организиран транспорт на КИБФС во Скопје. На 19.10 пациентката со возило на Итна Помош е донесена на Клиниката во многу тешка состојба. За време на транспортот е на постојана кислородна поддршка под надзор на медицински тим во возилото.

Пациентката е примена во единица за интензивна нега на КИБФС и почнат е интензивен третмант по протокол за лекување пациент со тешка ковид-19 инфекција. Во тек на престојот следи прогресивно влошување на состојбата со влошување на лабораториските, биохемиски анализи, рентгенграфски наод и клиничка слика. Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот дена драматично се влошиле виталните параметри на пациентката, што довело до срцево белодробно попуштање. И покрај сите превземени дијагностички, тераписки и реанимациони мерки пациентката денеска во раните утрински часови почина“, се вели во соопштението на Министерството за здравство за овој случај на фатален крај на болеста кај млада, малолетна пациентка.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе