Министерство за образование и наука

1.600 наставници почнаа обуки за платформа за онлајн настава

Министерството за образование и наука информира дека во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Бирото за развој на образование, спроведува обуки на наставниците коишто ќе бидат училишни обучувачи за користење на Единствената национална платформа за онлајн настава.

Обуката ќе трае од денеска до сабота и со неа се опфатени 1.600 наставници и резервни наставници коишто понатаму ќе треба да го пренесат знаењето за користење на платформата на своите колеги во училиштата.

„Предавањата на училишните обучувачи ги одржуваат триесет национални обучувачи кои беа избрани од редовите на наставниот кадар во основните и средни училишта од различни општини во земјата. Мастер тренерите претходно ги поминаа потребните обуки за да може да го пренесуваат знаењето и вештините за платформата. Пред официјалното пуштање на платформата во употреба на 1 октомври годинава ќе претходат низа тестирања“ се додава во соопштението на Министерството за образование и наука

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе