Во 19 градови нема активни случаи

16 нови случаи на ковид-19, десет повеќе од вчера, починати нема

Во последните 24 часа од направени 2.873 тестирање, регистрирани се 16 нови случаи на ковид-19, десет повеќе од вчера. Новите случаи се во Тетово - 4, во Скопје и Струмица по 3, во Куманово 2 и во Прилеп, Гостивар,Охрид и Струга по 1. Починати пациенти нема, а регистрирани се 4 оздравени пациенти и тоа двајца од Скопје и по еден од Куманово и Кратово.

Направените 2.873 тестови се преку: ИЈЗ-118, ЦЈЗ Скопје-20, ЦЈЗ Битола-30, ЦЈЗ Прилеп-63, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово–13, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–14, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-193, Биотек-138, Систина-80, лабораторија Лаор-122, Синлаб-63, Ремедика-15, Плодност–18, Генеа–1, Никоб лаб-457, ВФВ Медикал-35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1399. Досега во земјата се направени вкупно 894.904 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 142.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 68.685, Активни 55

Куманово 8.884, Активни 11

Прилеп 8.328, Активни 6

Тетово 7.257, Активни 18

Битола 6.309, Активни 5

Велес 5.474, Активни 2

Гостивар 5.183, Активни 2

Кавадарци 5.155, Активни 2

Охрид 5.020, Активни 10

Штип 4.960, Активни 0

Струмица 4.123, Активни 9

Струга 2.982, Активни 1

Кочани 2.792, Активни 0

Кичево 2.600, Активни 14

Гевгелија 2.195, Активни 0

Неготино 2.184, Активни 0

Свети Николе 1.524, Активни 0

Ресен 1.234, Активни 0

Крива Паланка 1.227, Активни 2

Радовиш 1.161, Активни 0

Берово 1.032, Активни 3

Делчево 973, Активни 0

Дебар 942, Активни 1

Виница 886, Активни 0

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 667, Активни 0

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 400, Активни 0

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 0

Македонски Брод 359, Активни 0

Пехчево 269, Активни 1

Македонска Каменица 249, Активни 0

Дојран 132, Активни 0

 

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе