16-годишно момче и 11-месечно бебе во критична состојба од морбили

Шеснаесетгодишнo момче и 11-месечно бебе се во критична состојба на две скопски клиники поради компликации од морбили. Момчето кое е со церебрална парализа е на Инфективната клиника, додека бебето е на Детската клиника и е приклучено на апарати, објави НоваТВ

На одделот за интензивно лекување во потешка здравствена состојба се и двајца возрасни пациенти и три деца. На Инфективната клиника вчера биле прегледани 9 случаи со симптоми на морбили, а тројца од нив биле задржани на лекување. Станува збор за 25-годишен пациент од Гостивар, дете на една ипол година и 42-годишен маж од Охрид. Највозрасниот е вакциниран со една доза, а детето и момчето од Гостивар воопшто не биле вакцинирани.

За да се овозможи повеќе простор на Детската клиника за хоспитализација на потешки случаи со морбили, бебињата кои се со лесна клиничка слика се препраќаат во болницата во Козле.

„Има три дечиња од 6-месечна до двегодишна возраст кои се со морбили. Кај двајца е докажана заразата, а третото е суспектно. Но, ние имаме протокол во установата кој стриктно го почитуваме за оваа цел. Заболени од персоналот немаме, сите се вакцинирани. За да се спречи понатамошно ширење дадени се сите препораки за намалување на бројот на заразени од соодветните комисии”, вели директорот Ангелчо Андоновски.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе