Министерство за здравство

141 нови случаи, 93 оздравени, 4 починати

Во последните 24 часа направени се 2006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Починати се четири пациенти, два пациенти од Скопје (54г. и 55г.), пациентка од Кавадарци (69г.), и пациент од Свети Николе (70г.). Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти.

Новозаразени случаи има во Скопје 51, Куманово 19, Дебар 2, Штип 15, Прилеп 6, Тетово 6, Струга 16, Велес 2, Битола 4, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 2, Гевгелија 1, Радовиш 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 2, Берово 1, Виница 2, Делчево 1, Свети Николе 2, Кичево 2 и Неготино 1.

Најмногу оздравени пациенти има од Скопје 25, од Штип 33, Прилеп 1, Тетово 10, Велес 2, Битола 7, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1 и Кичево 11.

Досега во земјата се направени вкупно 125.128 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.653, бројката на оздравени пациенти е 9.123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2991.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе