Министерство за здравство

125 нови заразени со ковид-19, двајца починати и 19 хоспитализирани последново деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Прилеп-1, Тетово-16, Струга-7, Велес-3, Битола-1, Охрид-5, Гостивар-6, Кочани-1, Делчево-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, во Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4 и Свети Николе-1.

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември" од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.

Направените 1085 теста се преку: ИЈЗ –663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена –128, Биотек -42, Жан Митрев (Филип Втори) –144, Систина со PCR метода –41 и МАНУ -55. Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември" примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе