Здравствена состојба

12 проценти од тестираните позитивни на коронавирусот, заразата е во пораст

Вчера беа регистрирани нови 495 случаи на заразени со коронавирусот од направени 4.145 тестирања или околу 12 проценти, што е за два отсто зголемување во однос на претходните викенди, кога тој процент се движеше од 6 до 10. Прјавени беа 13 починати лица и 308 оздравени пациенти. Од новите 495 случаи, најмногу се од Скопје – 228. Во моментов позитивни на вирусот во земјава се над 7 илјади лица, половината од нив се во Скопје.

Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид - дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750.

Според епидемиолошки анализи во моментов, половина од активните случаи се во Скопје – 3.340, потоа следи Куманово – 422, Велес – 348, Прилеп – 279, Кавадарци – 248, Битола – 245, во Охрид и Штип по 214 случаи. Во другите градови има под 200 активни случаи.

Во последните три месеци, 73 отсто од позитивните случаи на ковид-19 не биле вакцинирани. Тој процент кај хоспитализираните е 75, а кај починатите 82, покажа анализата на Министерството за здравство, објавена завчера, за период од 6 август до 28 октомври.

Досега се ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, а трета доза примиле 27.300 граѓани, но низок е процентот на целосно имунизирано население - 35 отсто од вкупното население примило две дози вакцина.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Поради хакерски напади, Министерството за здравство завчера соопшти дека во текот на 28 октомври, граѓаните кои имаат генерирано ЕУ сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk, треба да генерираат нов преку веб-порталот. Станува збор за безбедносен протокол со што се спречи користење на лажни ЕУ сертификати, со лажни имиња и лажни податоци.

Според информациите на министерството за здравство, хакерскиот напад бил детектиран од до тимовите задолжени за безбедност на сајтот за европска вакцинација ЕУДЦЦ.

Како дел од ваков напад на систем, завчера трети страни успеале да изгенерираат четири лажни EУ сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека истите примиле вакцина во Република Северна Македонија.

Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување на зголемена заштита, ЕУ сертификатите на граѓаните на Македонија се одново генерирани.

Bo светот досега со коронавирус се заразиле 247 милиони луѓе, починале над пет милиони, а оздравеле повеќе од 223 милиони лица.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе