Министерство за здравство

12 нови заразени од коронавирус, вкупниот број достигна 148 лица

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 12 нови случаи на заразени од коронавирус, а од нив седум се во Скопје и пет се во Куманово, информира Министерството за здравство.

Со овие нови регистрирани вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 е излекуван и 2 пациенти се починати.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40) - од кои 1 починат, Куманово (8) – од кои 1 починат, Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).

 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе