12 нови амбулантни возила и 13 возила наменети за домашно лекување се набавени во изминатиот период

Во изминатиот период се набавени 12 нови возила за Итната медицинска помош и 13 нови возила наменети за единицата за домашно лекување во градот Скопје, информира Министерството за здравство.

Новите 12 возила за брзата помош се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од вкупно 12 возила се распределија во градот Скопје, а останатите шест во Здравствените домови во Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово, Струга и Дебар. Со овие возила, двојно е зголемен капацитетот на Службата за итна медицинска помош во Скопје.

Од тринаесетте возила за Здравствениот дом во Скопје, десет се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на работните единици во оваа установа.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе