115 случаи на ковид-19, нема починати пациенти

Во последните 24 часа регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 од направени 1.652 тестови, од кои 23 лица по вторпат се заразиле со вирусот. Нема починати лица. Досега во Македонија се дијагностицирани 310.413 случаи на заразата.

Новите случаи на ковид-19 се регистрирани во следните градови:

Скопје – 59, Битола – 14, Прилеп – 7, Кавадарци и Охрид – по 5, Гевгелија – 4, Гостивар, Штип и Ресен – по 3, Куманово, Струмица и Неготино – по 2, Тетово, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка и Делчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (115), регистрирани се 23 реинфекции.

Регистрирани сe 99 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 20, Тетово и Берово по 4, Гевгелија, Гостивар, Ресен, Куманово и Делчево – по 3, Прилеп, Кавадарци и Пробиштип – по 2, Неготино, Кочани и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.652 тестови преку: ИЈЗ-223, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-18, ЦЈЗ Куманово-30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-2, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-47, Биотек-111, Систина-50, лабораторија Лаор-26, Синлаб-20, Ремедика-18, Плодност-18, Генеа-11, Никоб Лаб-79, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 696.

Досега во земјата се направени вкупно 2.032.020 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.413, бројот на оздравени пациенти е 300.532, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 594.

Дистрибуција по градови:

Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 145.917, Активни 257
Куманово 16.648, Активни 12
Битола 15.487, Активни 121
Прилеп 14.178, Активни 31
Тетово 13.464 , Активни11
Кавадарци 10.659, Активни 19
Велес 9.777, Активни 16
Гостивар 9.594, Активни 13
Охрид 8.872, Активни 30
Струмица 8.068, Активни 14
Штип 8.033, Активни 12
Кичево 5.631, Активни 9
Кочани 5.079, Активни 4
Струга 4.721, Активни 5
Гевгелија 4.412, Активни 8
Неготино 3.681, Активни 2
Ресен 2.733, Активни 13
Свети Николе 2.624, Активни 0
Радовиш 2.530, Активни 2
Крива Паланка 2.414, Активни 1
Делчево 1.980, Активни 1
Дебар 1.674, Активни 1
Берово 1.660, Активни 1
Валандово 1.488, Активни 3
Виница 1.393, Активни 2
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.020, Активни 1
Кратово 966, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 832, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 1

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе