Министерство за здравство

115 нови случаи на ковид-19, седум починати, 40 оздравени

Во последните 24 часа направени се 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 - во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира и 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6. Починати се седум лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

Како што соопшти Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.046, бројката на оздравени пациенти е 3.027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.678.

Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 3.394, активни 2.007

•       Куманово 797, активни 244

•       Дебар 109, активни 57

•       Штип 374, активни 161

•       Прилеп 282, активни 56

•       Тетово 766, активни 392

•       Струга 265, активни 167

•       Велес 196, активни 43

•       Битола 61, активни 22

•       Охрид 204, активни 175

•       Кавадарци 21, активни 15

•       Гостивар 156, активни 93

•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

•       Струмица 17, активни 9

•       Крива Паланка 16, активни 10

•       Радовиш 4, активни 0

•       Крушево 7, активни 3

•       Кочани 74, активни 21

•       Пробиштип 26, активни 17

•       Демир Хисар 2, активни 1

•       Македонски Брод 6, активни 4

•       Пехчево 6, активни 3

•       Берово 3, активни 0

•       Валандово 6, активни 2

•       Виница 3, активни 0

•       Делчево 1, активни 0

•       Кратово 5, активни 2

•       Свети Николе 42, активни 37

•       Кичево 48, активни 39

•       Ресен 122, активни 89

•       Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•       Чаир – 415

•       Аеродром – 159

•       Бутел – 173

•       Гази Баба – 207

•       Центар – 150

•       Карпош – 167

•       Сарај – 154

•       Кисела Вода – 118

•       Ѓорче Петров – 116

•       Студеничани – 115

•       Шуто Оризари – 93

•       Арачиново – 51

•       Илинден – 33

•       Петровец – 16

•       Чучер Сандево – 18

•       Сопиште – 13

•       Зелениково-7

•       Странец – 2

•       Нераспределен- 0

Направените 1.032 теста, како што соопшти Министерството, се преку: ИЈЗ –480, Авицена –101, Биотек –130, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори) -87, Систина  со PCR метода -90, ЦЈЗ Битола-31. Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе