Министерство за здравство

11.106 активни случаи на ковид-19, најмногу во Скопје, Тетово и Гостивар

Скопје и Тетово се со најголем број новозаразени од ковид – 19, но кривата која минатите недели беше во раст веќе се исправа, а паралелно се зголемува бројот на оздравени и вакцинирани граѓани.

Последните дневни податоци регистрираа 882 нови случаи на ковид-19, од вкупно направени 6.591 тестирање, а починати се 14 лица кои се на возраст од 49 до 84 години.

Од почетокот на епидемијата, во земјава се дијагностицирани 168.872 ковид-позитивни, оздравени се 152.098, а починаа 5.668 лица. Бројот на активни случаи изнесува 11.106, од кои речиси две третини се во три града – Скопје 3.693, Тетово 1855 и Гостивар 1513. Според статистиката на МЗ, во моментов нема град во земјава без активни случаи на ковид-19.

Денеска продолжува вакцинацијата во здравствените домови. Министерот за здравство Венко Филипче викендот најави дека поради зголемениот интерес за вакцинирање, од среда или четврток оваа недела повторно ќе биде отворен пунктот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, но во малата сала.

Според него, процесот на имунизација се одвива добро на сите пунктови и досега има над 650 илјади граѓани кои примиле барем една доза вакцина, а бројот на ревакцинирани достигна половина милион.

„Повторно ќе се отвори  „Борис Трајковски“, за што дел од вработените од Здравствен дом кои беа на годишни одмори ги прекинаа за да ја стават во функција. Тоа ќе биде малата сала, не големата, и ќе има 20-ина места каде што ќе може да се спроведе вакцинација. Верувам дека тоа ќе ги растовари метежите и редиците што ги имаме пред здравствените домови“,  изјави Филипче.

Тој апелираше граѓаните да се вакцинираат, има од сите типови и во доволно количини, посочувајќи дека нема наплив во болниците во градовите каде  што е висок процентот и интересот за вакцинирање.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе