Во болницата од корона вирусот се лекуваат 100 пациенти

10 медицински сестри од Инфективната клиника во Скопје се заразени со ковид-19

Вкупно 10 медицински сестри од Инфективната клиника во Скопје се заразени со ковид-19, а уште две нивни колешки се во изолација, потврдија за МКД.мк од Министерството за здравство. Од почетокот на здравствената криза вкупно позитивни на вирусот биле 527 здравствени работници, а 12 од нив починале.

„Од здравствените работници кои работат и се на испомош на Клиниката за инфектвни болести и фебрилни состојби 10 се позитивни, а 2 се во изолација, 3 се на боледување, 4 на породилно отсуство. Вкупно 40 медицински сестри работат на Клиниката, а 11 медицински сестри се на испомош. Три медицински сестри работат во Модуларната болница, а 14 се на испомош", велат во одговорот од Министерството за здравство.

Според МЗ, во моментов 100 пациенти се хоспитализирани и се лекуваат од ковид 19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а дополнително 66 се хоспитализирани во Модуларната болница.

Заклучно со вчерашната статистика на ИЈЗ, во моментов активни случаи помеѓу здравствени работници се 297. Од почетокот на здравствената криза со коронавирусот вкупно позитивни на вирусот биле 527 здравствени работници, а 12 од нив починале.

Институтот за јавно здравје не води статистика на точното место на заразување на заболените од причина на тоа што не постои можност прецизно да се утврди истото.

И покрај високите бројки на заразени кој на дневно ниво надминуваат и 1.000 позитивни, надлежните сметаат дека нема потреба од дополнителни мерки и карантин или полициски час. 

Вчера бројката на починати од ковид-19 за 24 часа беше 26. Преполни се и болниците и во Скопје, но и во другите градови, но за сега се останува на тоа да се почитуваат мерките, односно да се носи маска, да се држи дистанца и редово да се мијат и дезинфицираат рацете. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39.760, бројката на оздравени пациенти е 23.035, на починати е 1.136, а бројот на активни случаи изнесува 15.589.


К.Д.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе