Пак еко-инцидент во општина Аеродром

Облаци од црн чад во Долно Лисиче од запалени гуми

Облаци од црн густ чад пак се шират низ Долно Лисиче во скопската населба Аеродром. На видеото кое на социјалните мрежи го сподели и заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули се гледа дека покрај реката Вардар каде долго време има депонија и за која нашата редакција неколку пати ја извести општина Аеродром, горат гуми и во воздухот се издигаат облаци од густ црн чад. 

Ова не е прв пат да се горат гуми во Лисиче кое важи за едно од најзагадените места во Скопје. И пред некое време овде интервенираше противпожарна екипа и на терен беа инспектори.

Но, очигледно по нив сликата останува иста. Загадениот воздух го дишат и ваши и наши деца, стои во објавата. 

 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе