Време

Облачно со врнежи од дожд и снег

Денеска времето ќе биде облачно со врнежи кои вдолж Повардарието ќе бидат од дожд, а во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег. Попладне во западните делови ќе има пообилни врнежи кои ќе бидат претежно од снег и ќе предизвикаат позначително зголемување на снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен и засилен ветер од југоситочен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 6 Целзиусови степени, Крива Паланка 3, Маврово -1,Охрид 4, Битола 5, Кавадарци 8, Берово 3, Дојран 9...

И во наредноте два дена времето ќе биде променливо, облачно со повремен снег особено во крајните западни подрачја. Дневните температури ќе се движат од 3 до 7 степени.

Од петок се очекува сончево време со умерена облачност и ниски утрински температури, а дневните температури ќе се движат од 4 до 11 степени.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе