Време

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјата, особено попладне и во ноќните часови.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени, Крива Паланка 6, Маврово 1, Охрид 6, Битола 7, Кавадарци 9, Берово 5, Гевгелија 10...

Утре врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови кога локално се очекува да наврнат и до 25л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Дневните температури ќе се движат од 5 до 11 степени.

Во петок ќе биде претежно облачно со умерен југоисточен ветер и максимални дневни температури од 6 до 12 степени.

Кон крајот на неделава ќе настапи позначитечно заладување.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе