Клиничка болница Штип

Новороденче почина завчера, а утрово почина родилка

Во Штипската болница во која утрово почина родилката Маја Паневска од Свети Николе, завчера почина новороденче. Како што дознаваме, бебето било родено живо, но починало кратко по породувањето.

Од Штипската болница изразија жалење за случајот сo смртта на родилката и информираат дека причините ќе бидат познати откако ќе биде готов извештајот од обдукцијата.

„Во врска со настанатите немили случаи, изразуваме длабоко сочувство на семејствата  и нивните пријатели. За  причините на настанатата смрт, јавноста ќе биде информирана откако ќе го добиеме извештајот од Патологија и судска медицина во Скопје , каде што  ќе се изврши потребната обдукција“, информираат од ЈЗУ Клиничка болница- Штип.

Како што информиравме, утрово во штипската болница почина Маја Паневска од Свети Николе, а нејзиното бебе преживеало. Паневска вчера вечерта се породила во болницата но утрово починала.

                                                                                                                               Д.В.

                                                                                                             

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе