Независните бараат оставка од Мицкоски, Канческа Милевска вели дека не била консултирана

Пратеничката Емилија Александрова во име на осуммината независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка од лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за лицемерие поради тоа што ќе побарал од пратеничката група на неговата партија да поднесе иницијатива за ратификација на протоколот за НАТО со одложено дејство. На ова регираше пратеничката Елизабета Канческа Милевска која за Вечер изјави дека не го осудува овој потег на Мицкоски.

„Сега од вас слушам за пресот на колешката Емилија Александрова, не сум запознаена ниту консултирана. Јас денес не бев во Собрание, бидејќи имав некој други обврски. Секој може да доставува предлози и иницијативи до Собранието, секој може да има различен став и мислење по одредени прашања, и кога ќе ја видам таа иницијатива тогаш и би се произнела, никогаш не бегам за било каков став кога станува збор за нешто што е од суштински интерес за нашата држава, тоа е и всушност демократија. Немам зошто да барам оставка од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, тој на конгрес е легитимно избран претседател на ВМРО ДПНЕ, и многу е јасно кој му ја дава и кој му ја одзема довербата. Кој и како се однесувал претходно, кој што говорел и кој постапки ги превземал, ги оставам на нив лично. Мојата поддршка и влог во евроатланските интеграции на мојата држава е голем, видлив и со резултати, искрен без никакви лицемерно однесување и залагање. Интересите на државата ми биле секогаш на прво место пред било што друго“, заклучува пратеничката Елизабета Канческа Милевска во изјавата за порталот Вечер.

„Лицемерието на Христијан Мицкоски го достигнува зенитот. Тој кој пред ниедна важна одлука нема јасен став сега сака искористувајќи други луѓе да креира слика дека НАТО му е многу важно. НАТО ќе беше невозможно без нашата лична одговорност и храброст да ги почитуваме постулатите за ЕУ и НАТО, но притоа соочувајќи се со терор поттикнат од лажни приказни кои тој ги креира. Нашиот живот е загрозен поради манипулацијата на Христијан Мицкоски со дел од членатвото на ВМРО-ДПМНЕ. Но, овие денови кога македонското знаме се вее во Лондон човекот се обидува да фати чекор.

Уште еднаш во стилот на „сичко добре“ со Борисов, можеби сега е на „неи“ на грчки, што значи ДА, го прифаќам преспанскиот договор ама ги лажам граѓаните за глас плус. После ова обезличување Мицкоски треба да си поднесе оставка“, изјави денес Емилија Александрова во име на независната Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе