Московски „Комерсант“:

„Неуспешен референдум и пропаѓање на договорот со Грција, може да доведе до дестабилизацијата на Балканот“

Резутатите од референдумот во Македонија за името на таа земја нема да ја одредат само судбината на македонско-грчкиот договор, туку и нејзиното членство во НАТО и во ЕУ, пишува московски „Комерсант“. Весникот во денешниот текст заклучува дека резултатите од референдумот ќе ја определат и новата геополитичка распределба во регионот.

Дневникот потсетува дека Скопје на јулскиот Самит на НАТО доби покана за влез во Алијансата, со услов да се реши спорот за името со Грција, а еден месец пред тоа, лидерите на ЕУ се изјаснија дека преговорите со Македонија за членство во Унијата ќе започнат во 2019 година, со истиот услов.

Наведувајќи дека прашањето за референдумот ќе гласи „Дали го поддржувате членството во ЕУ и НАТО, прифаќајќи го договорот меѓу Македонија и Грција", Комерсант проценува дека властите всушност им предложија на граѓаните да ја потврдат приврзаноста кон ЕУ и НАТО, со согласност за промена на името на земјата.

Комерсант пишува дека за рускиот фактор почнало сериозно да се размислува, откако властите во Скопје ги обвинија бизнисмените од Русија за финансирање на антивладините протести против договорот со Грција.

„Москва не го крие негативниот став кон договорот Атина-Скопје за новото име на Македонија. Според портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захара, договорот е далеку од интересите на зајакнување на мирот и безбедноста на Балканот и служи исклучиво како инструмент за забрзување на пристапот на Македонија во НАТО“, пишува Комерсант.

Комерсант додава дека многу македонски политичари и балкански експерти сметаат дека евентуалниот неуспех на референдумот во Македонија и пропаѓање на договорот со Грција, може да доведе до дестабилизацијата на Балканот.

 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе