Несреќа на кружните трки

Тркачки автомобил во Скопје излета од патот и удри директно во организаторот (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Три лица се повредени, од кои еден е со тешки повреди, откако за време на кружните трки во Скопје автомобил што учествуваше на трката излета од патот и удри во организаторот, па во билборд. Според МВР, тешко повреден е Александар Димушевски, еден од организаторите на трките, а со полесни повреди се Урош Бркиќ, возач на автомобилот што учествувал во трката, и неговиот брат Милош.

Со тешки повреди Димушевски веднаш бил префрлен во болницата „Систина“ во Скопје.

Според првичните информации, можно е возилото што учествувало во трката да не било исправно. МВР изврши увид на местото и се утврдуваат причините за несреќата. Трката е прекината. 

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе