Немири во Центарот за мигранти, низ Гази Баба ечат викотници „Сакаме слобода!“ (ВИДЕО)

Жителите од Гази Баба реагираат на викотниците што доаѓаат од Центарот за мигранти. Никој досега не знае што точно се случува внатре во центарот, но локалните граѓани се вознемирени и снимија видео на кое се слуша како мигрантите викаат „Сакаме слобода“.

 

БУНТ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА МИГРАНТИ ВО ГАЗИ БАБА, СКОПЈЕ! СЕ МОЛАТ МЕДИУМИТЕ, НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, УНХЦР И ЦРВЕН КРСТ ДА ИЗВРШАТ НАДЗОР!

Posted by Jasmin Redzepi on Wednesday, 10 June 2015



Дел од локалните граѓани тврдат дека можеби има пренатрупаност од мигранти, други отвораат можност мигрантите да се револтирани од лошите услови, трети шпекулираат дека се работи за меѓусебни расправии или со надлежните чувари... Како и да е, сите се сложуваат дека во Центарот се случува некаков немир, бунт.

„Бунт во центарот за мигранти во Гази Баба, Скопје! Се молат медиумите, народниот правобранител, УНХЦР и Црвен крст да извршат надзор!“, стои во реакцијата на локалните граѓани, која заедно со видеото набрзина се рашири низ социјалните мрежи.

Од надлежните институции досега не стигна официјална информација за случувањата во Центарот за мигранти во Гази Баба.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе