Денеска под Милениумскиот крст

„Не низ Водно” - нова акција на граѓанските иницијативи за одбрана на Водно

Повеќе граѓански иницијативи организираат собир за „одбрана” на Водно, под мотото „Не низ Водно”. Настанот, според најавата, ќе се одржи денеска во 10.30 часот на врвот на Водно, под Милениумскиот крст. 

„И покрај десетината средби кои граѓанската иницијатива Го Сакам Водно ги имаше со претставници на Владата, на Град Скопје и МЕР, не успеавме да ги разубедиме во намерата за уништување на Водно, сечење на шумата која оди по сртот и уништување на биодиверзитетот со цел изградба на дел од гасоводната траса кон Тетово, Гостивар и Косово, со опасност од формирање на сериозни свлечишта кои ќе го загрозат животот на жителите на селата во подножјето на Водно. 

Иако, во неколку наврати им докажавме дека податоците со кои располагаат за трасата и штетата која ќе биде причинета на Водно, кое инаку е заштитено подрачје, им се погрешни, како и дека постои и е можна алтернативна траса по северната страна, Владата останува на ставот Водно да биде жртвата на лошата стратегија во секторот на животната средина”, пишува во најавата на граѓанските иницијативи.

Оттаму додаваат дека поради константното игнорирање на ставовите и барањата на граѓаните Водно да биде заштитено, принудени се да го бранат со сите средства кои како граѓани им стојат на располагање.

На најавата за настанот потпишани се граѓанските иницијативи 

Го Сакам Водно, О2 Коалиција за чист воздух, Стоп на загадувањето, Спас за Водно, Зелено Тафталиџе, ЕкоКарпош 3,2,1, Ние сме Карпош 4, Еко-свест, ФРОНТ 21/42, МТБ Оксижен, I love hiking, Гоу Грин, Green Power, Здрава Котлина, Скопје Смог Аларм, Билка, Плоштад Слобода и Сакаме Аеродром да дише.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе